Претседателот на САД, Барак Обама, побара од неговиот наследник Доналд Трамп да ѝ се спротивстави на Русија доколку таа отстапи од американските вредности и од меѓународните норми.
Во изјава дадена во Берлин, каде што престојува во рамкте на своето последно патување во странство во својство на американски претседател, Обама рече дека верува оти Трамп нема едноставно да се држи за „политиката на реалност“ кога станува збор за односите со Русија.
Обама е уверен оти новоизбраниот претседател ќе води конструктивна политика кон Русија, но дека ќе мора да се спротивстави кога американските вредности и меѓународните норми ќе се судрат со руското однесување.
Тоа, според актуелниот претседтел на САД, значи воздржаност од „реал политиката“, од прекршување на договорите што можат да повредат луѓе и меѓународни норми, од оставање на малите земји ранливи или од создавање проблеми и кризи на долг рок, во региони каков што е Сирија.
Во Берлин Обама предупреди и на појавата на „трка во кибер вооружување“, објаснувајќи дека САД располагаат со докази за тоа дека Русија е вклучена во кибернетски напади на американска територија.
Престојот во Германија, Обама денеска ќе го искористи и за проштални средби со францускиот претседател Франсоа Оланд, како и со премиерите на Велика Британија, Тереза Меј, на Италија, Марио Ренци и на Шпанија, Маријано Рахој.
Од Германија, американкиот претседател заминува за Перу, која е последната станица на неговата последна политичка мисија во странство пред напуштањето од Белата куќа на 20 јануари 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст