| четврток, 6 декември 2018 |

Започна клонирањето луѓе

kloniranje luge

Американските научници објавија исклучителен напредок во светската медицина, со клонирање човечки ембрион во најрана фаза, што, пак, се смета за пресврт во човечкото клонирање за медицински цели.

Овој ембрион би се користел како извор на матични клетки, кои би го обновиле срцевиот мускул, коската, мозочното ткиво или која и да е клетка во организмот. Како што е наведено во списанието Журнал Сел, принципот користен во клонирањето човечки ембрион е ист како и оној од кој е создадена првата клонирана овца, Доли, во Британија.

Сепак, научниците велат дека прво ќе се бараат други извори на матични клетки кои се поевтини и помалку контроверзни. Оваа научна победа веднаш наиде на осуда кај опонентните кои сметаат дека е неетички да се експериментира врз човечки ембриони и побараа забрана на проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top