Од Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ тврдат дека во земјава нема од оваа серија на производство на кашички и соковите, тие кај нас се исправни и без пестициди, објави Вечер.
Родители, внимавајте што им купувате на своите деца, бидејќи деновиве српската компанија Свислион признава дека неисправните кашички и сокчиња за деца ќе бидат повлечени од продавниците. Според информациите од теренот, три вида од детските кашички Јувитана се повлечени од продажба поради високото количество на пестициди кои се над дозволените.
Како што пишува белградски Вечерни новости, од Свислион Таково потврдуваат дека дел од овошните кашички и сокчиња наменети за мали деца се неисправни, содржат повеќе пестициди од дозволеното и затоа ќе бидат повлечени од продажба. Но од компанијата истовремено информираат дека не се сите кашички неисправни, само оние од конкретни серии, со конкретен рок на траење, а останатите ги задоволуваат строгите стандарди за квалитет.
Оваа информација дигна паника во Србија и во земјите од регионот каде овие производи се продаваат. Дел од лекарите изјавуваат дека нема потреба од загриженост на родителите поради тоа што пестицидите кои ги содржат производите на Свислион ги има во количини кои не се опасни по здравјето на децата.
Но и покрај тоа големите маркети во Србија веќе ги отстранија од своите рафтови овие сокчиња и кашички и на нивно место се ставени нови од странско производство, Инспекторите утврдија дека спорни се седум серии на овие производи од јаболка, круша и банана кои содржат ацетамиприд во износи и над 30 пати повеќе од дозволеното.
Како што јавуваат дел од српските медиуми, сопственикот на Свислион Таково, господинот Радољуб Драшковиќ, веќе ги испратил сите вработени на принуден одмор се додека не бидат спроведени сите анализи и тестирања за пронаоѓање на изворот на проблемот. Компанијата престана со работа на 12 ноември годинава и најави дека производниот погон ќе го преселат онаму каде ќе може да најдат соодветни суровини за производство.
Во Македонија нема од оваа серија на производство на кашичките и соковите, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ.
Тие укажуваат дека по добиената информација дека од српскиот пазар се повлекуваат дел од палетата производи наменети за деца од брендот Јувитана, произведени од компанијата Свислион, поради сомнеж за зголемено присуство на пестициди во нив, инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство направиле вонредна инспекциска контрола во компанијата која ги увезува овие производи на македонскиот пазар.
-Од извршената контрола, констатирано е дека ниту еден од спорните серии на Јувитана производите не се наоѓаат на македонскиот пазар – информираат од АХВ и нагласуваат дека ќе продолжи и понатаму будно да ја следи состојбата и навремено и соодветно ќе ги преземе потребните мерки.
Истовремено се огласи и компанијата Свислион Таково од каде соопштија дека сите нејзини производи Јувитана во земјава се безбедни и изработени по сите светски стандарди. Според нив, дозволените нивоа на пестициди се во склад со Правилникот за здравствена исправност на диететските производи.
Суперанализата, направена во акредитирана македонската лабораторија, покажала дека сите производи се здравствено безбедни и исправни за употреба. Во соопштението е наведено дека очекуваат извештаи од акредитираните лаборатории во земјите во кои се извезуваат кашичките за бебиња Јувитана.
Извештаите од суперанализата за пазарот во Македонија се доставени и во Министерството за здравје во Србија. Токму оваа суперанализа покажала дека овошните кашички Јувитана за деца содржат и до 30 пати помало количество пестициди од она што го објави инспекцијата на Министерството за здравје на Србија, а во некои производи воопшто нема пестициди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст