| четврток, 6 декември 2018 |

Неготинка им ветувала работа во странство – ги оставила со празен џеб

Неготинка измамила дваесет лица дека за одредена сума ќе им најде работа во странство, информира денеска СВР Велес.

– Во текот на месецов во Секторот за внатрешни работи Велес примена е писмена пријава во која е наведено дека женско лице од Неготино измамило повеќе од 20 лица, со тоа што за одредена сума им ветувало дека ќе им посредува за работа во странство – изјави портпаролката на СВР Велес.

Се превземаат мерки за расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top