| четврток, 6 декември 2018 |

Данијела ќе пее, Тони ќе танцува – финале на „Танц со ѕвездите“

Секогаш насмеаната и разиграна пејачка, Даниела Мартиновиќ, викендов доаѓа во Скопје специјално за  финалето на шоуто „Танц со ѕвездите“. Хрватската ѕвезда ќе настапува во живо од студиото 1 на МТВ, во недела во 20,15 часот.

Според најавите на организаторот, во финалето е предвиден и настап на една домашна музичка ѕвезда, чие име допрва ќе биде објавено, а се очекува промоција на новата песна да има и еден од учесниците, Александар Белов. Шоуто ќе започне со хор кој ќе ја пее песната „Are you ready for а miracle“.

544852_164567187039205_1528796071_n

Марина Овезовска и Александар Белов

 

Своите танчерски способности на подиумот ќе ги покаже и водителот Тони Михајловски, кој деновиве активно вежба на своите чекори заедно со танчарката Симона Веселиновска.

544256_161928327303091_1036601794_n

Тони Михајловски

Финалето ќе се емитува во живо и ќе трае повеќе од еден и пол час, а двојките ќе настапат со три танци: стандарден, латино и фристајл, каде што самите ќе ја одберат песната и кореографијата.

392992_168659383296652_1364167786_n

Јована Василева и Атанас Николовски

Како што е познато, финалисти во првата сезона на „Танц со ѕвездите“ се кајакарот Атанас Николовски заедно со неговата партнерка Јована Василева и лото-девојка Марјана Станојковска со Илија Карадаковски. И двете двојки беа фаворити на публиката во целиот тек на сезоната.

62601_168659156630008_278127878_n

Марјана Станојкоска и Илија Карадаковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top