| четврток, 6 декември 2018 |

Слика на Моне продадена на аукција за 81,4 милиони долари

Слика на Клод Моне „Стог сено“, дел од серијата слики на францускиот сликар, е продадена за рекордни 81,4 милиони долари, на аукција што во Њујорк ја организираше аукциската куќа „Кристи“.

dc2rrpvcalomfmjxb0z6xa

Конечната цена речиси двојно ја надмина почетната проценка од 45 милиони долари.

Аукцијата траеше неполни 15 минути, што е невообичаено за продажба од овој формат.

„Стог сено“ е дел од серијата што Моне ја наслика во зимата 1890/91 во својата куќа во Нормандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top