| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа екстремно студено време

Ова би можело да потрае 15 години додека соларната активност да се врати во нормала. Со екстремни временски услови и ниска температура ќе се бориме сѐ до 2035 година.

Ова предупредување ги разбесни активистите за животна средина, кои тврдат дека до 2030 г. светот ќе се соочи со зголемено ниво на морињата и со поплави поради топењето на мразот на половите.

Соларната активност, која се мери преку појавувањето на сончевите дамки, е во пад во поголема мера отколку кога и да било во историјата. Сонцето сега е без дамки, првпат во пет години по 21 ден на минимална активност која е забележана во текот на 2016 година. Затоа научниците наведуват дека светот јуриша кон историски соларен минимум. Овој феномен ќе донесе екстремно студено време во Европа и во Северна Америка и покрај јужната хемисфера, која влијае на Нов Зеланд и делови од Јужна Америка.

Главната закана во Британија е заканата да се повтори ледената мини-доба од 1600 година, кога дошло до толку остри зими што реката Темза била целосно замрзната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top