| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени два километра ограда и 20 шахти од нов автопат

Два километра заштитна ограда и 20 капаци за шахти се украдени од автопатот Љиг – Прељина во Србија што беше отворен пред девет дена, јавија српски медиуми.

Кражбата на 2.000 метри заштитна ограда и 20 капаци за шахти е пријавена во полицијата која спроведува трага по извршителите.

Автопатот Љиг-Прељина е „покриен“ со 150 безбедносни камери, а Министерството за градежништво, сообраќај предупреди дека ќе поднесат пријави за сите кои уништуваат заштитен имот долж автопатот под обвинение за тешко загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top