| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсените џихадисти од Косово ги командувал озлогласениот Мухаџери – Планирале напад на цркви и манастири

Косовската полиција соопшти вечерва дека уапсила 19 лица, во последните 10 дена, под сомнение дека се поврзани со ИД и дека планирале напад на Косово и во Албанија.

Во соопштението на косовската полиција, се наведува дека осомничените биле во контакт со припадникот на ИД, Лавдрим Мухаџахеи, самопрогласениот „командант на Албанците во Сирија и Ирак“, од кого примале наредби за напад.

Тој ѝ е познат на јавноста по снимката каде што ја држи отсечената глава на едно момче во Сирија. Косовците биле во постојана комуникација со Мухаџери, а како првичен напад бил планиран фудбалскиот натпревар Албанија- Израел во Елбасан.

Како мета за напад биле посочени и српските цркви и манастири на Косово, како и сите поголеми градови на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top