| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина „25 години од Уставот на Република Македонија“

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска организира трибина со наслов „25 години од Уставот на Република Македонија“.

Во рамки на трибината ќе биде промовирана книгата „Создавање на независна Република Македонија: Внатрешни состојби и надворешна политика“ од авторите доц. д-р Дејан Маролов и м-р Оливер Митев.

Излагање на темата ќе имаат универзитетските професори Владо Поповски, учесник во создавањето на Уставот на Република Македонија и Светомир Шкариќ, професор по Уставно право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top