Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ земјава се одвива непречено, по суви коловози.
Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од реката Радика на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот повторно се одвива по две коловозни ленти (направен е бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). За тоа има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.
На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково, се врши геодетско снимање на патот. Првата фаза почна на 27.3.2013 година, при што се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.