Едно неодамнешно истражување потврди дека самодовербата има големо влијание врз луѓето, заклучувајќи дека дури и тајната на добриот изглед се крие во самодовербата и ставот кој го имаме. Истражување откри дека припадничките на понежниот пол се чувствуваат најубави и најпосакувани на 31-та година од животот.
Зошто токму тогаш? Одговорот е многу едноставен. Колку што се старее, така се станува посвесен за своите квалитети, што дава голема предност пред младите жени кои се почесто се чувствуваат несигурно. Исто така, со годините се развива личниот стил било да се работи за мода или убавина и се повеќе се одалечува од масата.
Со друго зборови, со годините се знае што ни стои и во што се чувствуваме најпријатно, а тоа е на врвот во доцните 20-ти, односно раните 30-ти години. Истражувањето беше спроведено на повеќе од две илјади испитаници, мажи и жени, а од нив 70 осто откриле дека клучен фактор кои жената ја прават повеќе привлечна е нејзината самодоврерба.
За изгледот на жената се одлучиле 67 отсто, а 47 за стилот. Заклучокот е едноставен: самодовербата, ставот и се друго што доаѓа од внатре е поважно од физичките карактеристики, односно надворешноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.