Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за португалската телевизија РТП изјави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би бил „природен сојузник“ на Сирија, доколку се бори против тероризмот.
– Не можеме да знаеме што тој ќе стори, но ако се бори против тероризмот, јасно е дека ќе бидеме сојузници. Природни сојузници, како што сме со Русите, Иранците и другите земји кои посакуваат пораз на тероризмот, рече Асад.
Трамп пак, во интервјуто објавено во „Волстрит Џурнал“, истакна дека е потребна порешителна борба против групата Исламска држава (ИД).
– ИД е далеку поголема закана за нас отколку Асад, изјави Трамп во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст