| четврток, 6 декември 2018 |

Се беше маска: Пука бракот на Хилари и Бил Клинтон

Хилари Клинтон која ја загуби трката за претседател на САД, откако Доналд Трамп со победата ја спречи да биде прва жена претседател на Америка, поминува низ тежок период во кој и се се распаѓа.

Близок соработник на Хилари и Бил сведочи за нивните кавги во куќата. Тој вели дека по една жестока расправија, Бил за малку ќе добиел инфаркт. Кавгата почнала откако Хилари го обвинила директорот на ФБИ за загубата на изборите.

– Бев со Бил кога почна викањето на телефон. Тој негираше дека нивниот пријател и соработник е виновен. Беше толку црвен во ликот и збеснат, се плашев дека ќе добие инфаркт, вели изворот.

Додава и дека Хилари постојано го игнорирала сопругот во текот на претседателската кампања.

Изгледа Хилари не може да се помири со поразот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top