Македонскиот фудбалер и поранешен репрезентативец Дарко Тасевски е во потрага по нов клуб, а меѓу тимовите кои се потенцијални за неговата иднина е и македонскиот фудбалски првак Вардар.
Фудбалерот од средниот ред го напушти Тајланд затоа што не успеа да се договори за нов договор со Суфанбури. Управата на тајландскиот клуб решила да го намали буџетот за новата сезона, а условите не биле прифатливи за нашиот фудбалер.
Сега, тој е во Бугарија каде чека абер од Левски, но истовремено открива дека во игра за неговиот потпис е и македонскиот првак Вардар. Во интервју за бугарските медиуми, на прашање за македонскиот фудбал и финансиите, тој одговара:
– Во Македонија почнаа фудбалерите да добиваат добри плати. И тоа е варијанта за мене. Во Вардар има сериозни вложувања – вели Тасевски.
Истовремено, тој откри и дека нема намера во кариерата да заигра за Шкендија.
– Исто е и во Шкендија. Но, таму нема да играм. Ако потпишам таму, исто како да сум заминал од Левски во ЦСКА Софија. Вардар е мој клуб, таму израснав и ќе видиме што ќе биде – тврди поранешниот македонски репрезентативец.
Тасевски го напушти европскиот фудбал во 2012 година, кога потпиша за израелска Шмона. Во својата кариера тој настапуваше за Цементарница, Вардар, Металург Запорожје (Украина), Левски (Бугарија), Бангкок глас (Тајланд) и Суфанбури (Тајланд).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент