Рон Денис кој е и еден од сопствениците на Мекларен, ја напушта директорската позиција по 35 години поминати во тимот.
Денис поседува 25 проценти од акциите во Ф1 тимот на Мекларен, 50 проценти е во сопственост на Фондот Мумталакат, а преостанатите 25 проценти се кај неговиот долгогодишен соработник Мансур Оџеa. Францускиот бизнисмен по потекло од Саудиска Арабија кој е извршен директор на ТАГ групацијата ги поддржа соработниците од Мумталакат за смена на Ропн Ренис со образложение дека неговиот автократски стил на управување ја загрозува иднината на Мекларен.
– Мојот стил на управување е ист како што бил отсекогаш и тој му овозможи на Мекларен да освои 20 титули и шампионати во Ф1 и да прерасне во компанија со приходод 850 милиони фунти годишно. На крај стана јасно дека ни ТАГ ни Мумталак не ја делат мојата визија за Мекларен кој има 3.500 вработени – изјави Рон Денис.
Денис во Мекларен дојде во 1980 година и веќе од следната година стана централна фигура во тимот кој го напрваи втор најуспешен во историјата на Ф1 после Ферари. По днегово водство, десет возачи на Мекларен имаат освоено титули – Ники Лауда, Алан Прост, Аиртон Сена, Мика Хакимнен и Луис Хамилтон.
Но, последниве годни, откако се здружи со производителот на мотори, Хонда, Мекларен е во сенка на ривалите, а 2015 беше најлоша година во историјата на тимот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.