| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Свети Ѓорѓија – никако не правете ги овие работи, за да не ви биде тешка годината

gorgi

Денес Црквата го слави пренесувањето на моштите на свети Ѓорѓи во Лида Палестинска, родното место на неговата мајка. Празнувањето на преносот на моштите е пракса која укажува дека Црквата верува не само во воскресението на душата, туку и на телото, т.е. во воскресението на целиот човек. За време на император Констанин во Лида бил подигнат храм, посветен на свети Ѓорѓи, во кој биле сместени чудотворните мошти на овој светител.

Свети Ѓорѓија или свети Ѓорѓе се слави два пати годишно, денеска и на Ѓурѓовден. И додека Ѓурѓовден е обележан со црвено во верскиот календар, денешниот празник не е, но сепак се смета дека има големо значење за православната црква и многу луѓе го празнуваат како домашна слава или именден.

Според верувањата во деновите од 16 до 24 номеври ништо не се дава од дома, не се преде волна и ништо не се пере. Жените не треба да работат домашни работи, а се верува и дека кројачите и чевларите треба да одмараат.

Кај постарите луѓе се верувало дека ако денеска е има магла и зимата ќе биде магловита и променлива, а ако е ведро, зимата ќе биде јака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top