Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин го сменил министерот за економски развој, Алексеј Уљукаев, бидејќи изгубил доверба во него.
Уљукаев е уапсен синоќа поради обвинението дека примил два милиони долари мито од најголемата нафтена компанија „Росњефт“.
Претходно денеска, рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека она што се случило е удар и за Владата и за властите и нагласи дека никој од министрите до гувернерите нема имунитет кога станува збор за корупција.
Медведев додаде дека е потребно да се спроведе детална истрага, но и истакна дека му е целосно несфатливо она што се случило.
Уљукаев денеска се појави пред судот каде ги отфрли обвиненијата дека примал пито, потсетува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


