Руско-американските односи не се на највисоко ниво и дека двете страни се подготвени за „партнерски односи“, наведува Кремљ. Рускиот претседател Владимир Путин телефонски му ја честитал победата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и му кажал дека Русија е подготвена за „партнерски дијалог“. Од канцеларијата на Трамп соопштија дека тој му кажал на Путин дека тој очекува силни и долготрајни односи со Русија и рускиот народ.
Исто така двајцата лидери разговарале за поширок спектар на прашања, како безбедносните закани и предизвици и економски прашања. Во соопштението на Кремљ стои дека Путин и Трамп се согласиле дека во моментот американско-руските односи се „на незадоволителни ниво“ и дека разговорите треба да бидат базирани на еднаквост, меѓусебно почитување и немешање во внатрешните односи.
Демократите го обвинија Кремљ за вмешаност во објавувањето на електронските пораки на кампањата на Клинтон, кои можеби и наштетиле на нејзините шанси да постане претседател на САД. Русија ги отфрли наводите за мешање во американските избори, но Трамп не го криеше неговиот восхит од Путин како „силен лидер“.
Врските помеѓу Кремљ и администрацијата на Обама се заладија во последниве неколку години, пред се поради развојот на настаните во Украина и Сирија.
На веб страницата на Кремљ стои дека следната година се навршуваат 210 години од воспоставувањето на дипломатски односи на Русија и САД. Исто така се наведува дека заедничката соработка е во интерес на двете земји, а исто така ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.