| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Трамп е голем фан на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска присуствува на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Европската унија во Советот на ЕУ, при што ја поздрави одлуката што по многу години на кратења на трошоците во делот на одбраната, дека сега Унијата го зголемува трошокот за одбрана, како одговор на се поголемата опасност и предизвиците на безбедносната околина.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во исто време, пред почетокот на состанокот во Брисел, Столтенберг уште еднаш го искоментира изборот на Доналд Трамп за нов претседател на Соединетите американски држави (САД) и можноста неговата политика да го стави под знак прашалник постоењето на самата трансатлантска Алијанса.
– Избраниот претседател Трамп, за време на кампањата за изборите во САД, изјави дека тој е голем фан на НАТО. Затоа, јас сум сигурен дека тој како претседател на САД ќе ги исполни сите американски обврски во Алијансата, бидејќи силен НАТО е важен за Европа, но исто така е важен и за САД. Тој и истакна дека е важно да се зголемат инвестициите во безбедноста, а Европејците токму тоа сега го прават. И со истото се согласувам апсолутно во целост – изјави Столтенберг.
Во однос на вчерашниот телефонски рзговор на Трамп со претседателот на Русија, Владимир Путин, генералниот секретар на НАТО искоментира дека „е нормално дека Трамп разговарал со светските лидери, вклучително и со лидерот на Русија“.
Според Јенс Столтенберг, пораката од НАТО е дека Алијансата сака дијалог со Русија и дека Руската Федерација е најголем сосед на НАТО, посебно кога тензиите се високи и светот се соочува со различни безбедносни предзивици, дека треба да се даде шанса за отворен политички дијалог со Русија.

– Тоа е порака на НАТО и нема контрадикција меѓу силна одбрана и политички дијалог. Важно е да се почитува територијалниот интегритет и суверенитет на сите држави, вклучително и на Украина, па затоа никогаш нема да прифатиме нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и затоа така одговоривме на руската агресија кон Украина. А, се што прави НАТО, тоа го прави одбранбено, пропорционално и според нашите меѓународни обврски. Важно е да останеме смирени и со студени глави, да седнеме и да најдеме начин да се избегне ескалација на тензиите. Да разговараме со Русија, да адресираме ралични прашања, а зголемените воени активности на нашите гранции ќе продолжат – додаде Столтенберг.
Во исто време, генералниот секретар на најголемата воено-безбедносна организација на светот, посочи дек анаскоро ќе има Совет „НАТО – Русија“ и дека тоа е шанса за политичкиот дијалог да остане отворен со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top