Поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер (47) се појави на социјалните мрежи, а иако тој лично не ги води профилите, туку тоа за него го прави ПР тимот, сепак фановите со голема радост го дочекаа.
Имено, ова е првпат Шумахер да биде активен на социјалните мрежи после несреќата на скијање и периодот кој го помина во кома, па фановите го гледаат ова како знак дека му станува сѐ подобро.
-Продолжи да се бориш – никогаш не откажувај се” е натписот кој стои на неговиот профил на „Фејсбук“, а администраторите истакнаа дека станува збор за платформа на која се сите добредојдени за да споделуваат сеќавања за шампионот на Формула 1.
-Добредојдовте на страната на Михаел! Сакаме да ги споделиме со вас сите сеќавања, а кој е подобар момент од претстојната годишнина на неговата прва освоена светска титула. Од 13-ти ноември, оваа страна ќе биде собиралиште на сите кои сакаат да разменуваат и да ги слават достигнувањата на Михаел, како гест на благодарност за сите прекрасни фанови – стои во описот на официјалната страница на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.