| четврток, 6 декември 2018 |

ФА одлучи, Герет Саутгејт ќе добие договор до 2020 година

geret-sautgejt

Привремениот селектор на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, ја заслужи довербата од челниците на ФА на Англија и ќе добие договор до 2020 година. Со тоа гордиот Албион ќе го реши проблемот со селекторската позиција кој се појави откако кормилото го напушти Сем Алардајс, само два месеци по именувањето поради вмешаност во коруптивни работи во фудбалот.

Саутгејт треба да заработува 1,5 милиони фунти годишно, што е помала сума од таа што ја имаше Алардајс. Но, сепак, тој би бил апсолутно задоволен што ќе има можност перманентно да ја води најдобрата селекција.

Договорот на Герет Саутгејт ќе биде условен и со пласман на СП 2018, но и на ЕП 2020 година.

Англија ја совлада Шкотска со 3-0 во квалификациски меч под раководство на Саутгејт и прикажа игра која ги задоволи сите вкусови на пробирливата англиска фудбалска јавност. Вечерва Англичаните ќе одиграат пријателски натпревар против Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top