| четврток, 6 декември 2018 |

Поради заканите по живот, Исидора Бјелица ја напушти Србија

Познатата писателка Исидора Бјелица, која последниве четири години се бори со карциномот, ја потресе јавноста со оваа порака…

Имено, писателката веќе не е во Србија и не знае кога ќе се врати, а покрај тоа, се’ уште се бори со ракот.

-Оние што ме сакаат забележаа дека два ипол месеци немам дадено изјава за медиумите, дека ме нема. Кон средина на август, на телефонската секретарка ми беше објавена брутална и страшна порака, која не претставува закана само за мојот живот туку и за животот на моето дете. Полицијата веднаш беше информирана и ја презеде снимката. Можам само да ви кажам дека сите мои пријатели, и куќната помошничка и сите што ја слушнаа веднаш препознаа за кого станува збор, затоа што е многу препознатлив глас, синтакса, лексика, но до денес полицијата не направи нешто. Јас и моето дете по тоа доживеавме голем стрес, мене ми експлодираа маркерите, здравствената состојба ми беше морничава и бев принудена да се изолирам“, раскажа писателката, која тврди дека станува збор за јавна и добро позната личност.

-За жал, денес се случува и јавните личности да се психопати, личноста што може да изговори такви бруталности всушност е и позната како таква. Факт дека не се јави од нејзиниот телефон, но ако сега ви ја пуштам во етер пораката, на сите ќе ви стане јасно за кого станува збор.

-Јас бев навредувана бидејќи имам карцином, затоа што ми се извадена матката и јајниците, на моето дете му се закануваше. Тоа е нешто што стана нормално кај нас, во ерата на реални шоуа, но во мојот реален живот, во кој четири години се борам со ракот, тоа не е нешто со кое можам да се носам веќе, ја заврши својата приказна Исидора Бјелица, и додаде дека поради влошената здравствена состојба, повторно е на терапија, дека не знае кога ќе се врати во Белград и дека се надева дека полицијата наскоро ќе го реши случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top