„Гугл“ почна со тестирање на „првата мобилна“ верзија на индекс пребарувања, што значи дека приоритет во резултатите на пребарувањето ќе имаат мобилните содржини.
Пребарувањето на овој пребарувач ќе функционира така што ботовите ќе кружат низ интернет и ќе пронаоѓаат повеќе од 60 билиони страници, како и нивни линкови. „Гугл“ потоа ќе ги категоризира во огромен индекс заснован на стотина различни фактори.
Овој индекс, заедно со серијата на алгоритми, е она што му овозможува на „Гугл“ да ги поврати релевантните резултати од пребарувањето – листа на вистински линкови – кога ќе ги внесете во полета за пребарување.
Со новата надоградба, „Гугл“ ќе утврди ранг-листа на страници на основа на нивната мобилна содржина.
Со оваа промена, веб-сајтовите кои немаат функционална мобилна верзина веројатно ќе исчезнат и ќе се појави на дното на пронајдени резултати на претрагата.
Оваа промена, всушност, ќе значи дека сите веб-сајтови многу брзо ќе мораат да се адаптираат и за мобилната верзија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст