| четврток, 6 декември 2018 |

Платата ќе ми биде еден долар: Трамп потврди дека ја одбил претседателската плата!

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во интервју за „60 минути“ на „Си-Би-Ес“ изјави дека нема да зема претседателска плата додека трае неговиот мандат.

-Мислам дека по закон морам да земам 1 долар, така да мојата плата како претседател ќе биде 1 долар, одговори Трамп на прашањето на новинарката.

Додаде и дека не знаел колава плата зема претседателот, а кога му било кажано дека сумата изнесува 400.000 долари, онолку колку што земал Обама, тој рекол:

-Нема да ја земам таа сума.

А подвлекол и дека нема да зема премногу одмори.

-Има толку многу за да се направи. Сакам што е можно побрзо да се решат проблемите. Ќе ги намалиме таксите и ќе се погрижиме за подобар здравствен систем, вели Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top