| четврток, 6 декември 2018 |

Златни правила како на крајот на месецот да заштедите

Веб-порталот „Брајт сајт“ (Bright Side) анализирал три добри начини на планирање на домашниот буџет и  распределба на трошоците. На тој начин на крајот на месецот навистина може „да тргнете некој денар на страна“.

1. Метод „50/30/20“

Погоднo за оние кои имаат тековни примања но не успеваат ништо да заштедат.

50 отсто од платата – основни месечни трошоци (сметки, храна, превоз)

30 отсто од платата – помалку важни но неопходни работи (тв приклучок, интернет, облека).

20 отсто за иднината (заштеда, неочекувани трошоци, подароци).

2. Едноставен метод

За оние кои не сакаат да се ограничуваат, поделете го вашиот буџет на два дела:

Постојани трошоци (сметки, трошоци за стан, храна)

И се останато (забава и останато без кое не би можеле – ресторани, кафулиња, кино, концерти).

3. Метод „Дозволени неделни трошоци“

За оние кои неочекувано остануваат без пари неколку дена пред платата и за оние кои сакаат да заштедат.

Пресметајте колку од месечниот буџет сакате да потрошите и колку сакате да заштедите. Поделете ги износите на четири недели и дадете си на себеси неделна „дозвола“ колку можете да потрошите од планираните пари на се што сакате.

Месечното надминување на лимитот не е дозволено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top