Природните катастрофи туркаат во сиромаштија 26 милиони луѓе годишно, тврдат од Светска банка.
Катаклизмите предизвикуваат загуби од 520 милијарди долари годишно, покажува уште извештајот.
Природните катастрофи предизвикуваат загуби од 520 милијарди долари годишно и туркаат секоја година 26 милиони луѓе во сиромаштија, се наведува во извештајот на Светската банка.
Оваа финансиска проценка е со 60% повисока во споредба со оценката на ОН (300 милијарди долари). Документот е објавен во рамките на конференцијата на ОН за климата во мароканскиот град Маракеш.
Авторите на извештајот не ја базираат оценката единствено на материјалната штета (згради, куќи, патишта и сл.),туку и на губење на „благосостојба” на населението, односно неможност да се води грижа за здравјето, за живот, образованието и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


