| четврток, 6 декември 2018 |

Jа сликала својата нова куќа за да се пофали на пријателите но кога видела што снимила…

Мишел Мидвинтер (30), мајка на две деца пред еден месец се вселила во куќа во Англија.

Со цел да го покаже новиот дом на своите пријатели, излегла надвор и ја фотографирала куќата. На прозорот во тој момент се појавило лице.

Мишел изјавила дека влегла внатре да провери дали има некој во куќата но собата во која го забележала лицето била празна.

– Некои веруваат дека е сенка од цвеќе, но не одговараат аглите на сенката – рекла Мишел, пренесува Дејли Меил.

Ова не е единствениот случај. Мишел рекла дека во еден момент во куќата паднал ѕидниот саат, а нејзините пријатели тврдат дека оддеднаш и вратата сама се отворила, иако на другата страна немало никој.

Мишел фотографиите ги објавила на Фејсбук, но никој од пријателите не можел да најде логично решение.

Локалниот историчар Андреј Џонс (50) твдри дека лицето на прозорот единствено може да биде духот на Семјуел Кент, кој починал во 1872 година.

Тој бил татко на Констанса која на 16-години, 1860 година брутално го убила својот тригодишен брат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top