| четврток, 6 декември 2018 |

Застрелан Близнакот од Ѓорче – еден од телохранителите на раководството на СДСМ

Со три прострелни рани, вечерва околу полноќ бил донесен во болница Даниел Трајковски, во скопското криминално подземје познат како Близнакот од скопската населба Ѓорче Петров, јавува порталот „Старт“, повикувајќи се на болнички извори. Според информациите, Близнакот бил донесен во Ургентниот центар на Клиниките „Мајка Тереза“ со прострелни рани во пределот на градниот кош, стомакот и на раката.

gjorc
Медиумите објавија дека на пукотниците им претходела брктоница со автомобили, во која повредениот загубил контрола, удрил во една жардиниера на булеварот „Партизански одреди“ кај бензинската станица „Макпетрол“, по што врз него биле истрелани повеќе куршуми.
Даниел Трајковски-Близнакот е познат лик во скопското подземје. Никогаш не ја криел својата блискост со СДСМ, а често фигурираше и како телохранител на дел од највисоките структури на партијата.

Од МВР сѐ уште нема официјални информации, се очекуваат подетални информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top