| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно: Русите ќе произведуваат пиперки, пченица и зелена салата во вселената

Руските космонаути во новиот стакленик во Меѓународната вселенска станица ќе се обидат да одгледуваат пиперки, а потоа и пченица и зелена салата, изјави заменикот директор на рускиот Институт за медицински и биолошки проблеми Владимир Сичијов, јавува ТАСС.

Новата стаклена градина, „Лада 2“, ќе биде поставена во декември и ќе почне нова серија експерименти.

– Првиот експеримент ќе биде прилично тежок бидејќи такви посеви никогаш не се одгледувани во вселената – а тоа е слатка пиперка – изјави Сичијов.

– Ако успееме ќе биде добро. После пиперката најверојатно ќе одгледуваме пченица, а потоа и зелена салата, дополни Сичијов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top