| четврток, 6 декември 2018 |

Нуди плата и до 8000 куни, а работници нема – еве зошто

На работодавците во Хрватска им е се потешко да најдат добра работна сила.

Состојбата е ваква затоа што многу Хрвати заминаа во странство, некои фирми не сакаат да зголемуваат плати, а трети не знаат како да пронајдат квалитетни кадри.

Стевица Кухарски има компанија која се занимава со ИТ решенија и нуди плата од 4.500 до 8000 куни, но сепак му е тешко да најде работници.

-Последните два дена имавме разговори за позиција продавач. На оглас каде е истакната плата од 4.500 до 8000 куни се јавија 28 луѓе. Од нив 16 се повикани во првиот круг од разговорите. Двајца се заблагодарија на повикот затоа што во меѓувреме нашле работа. Од другите 14 само 6 дојдоа на разговор. Тие или не се јавија или на неколку минути пред разговорот го откажаа доаѓањето. Последниот кандидат се јави дека можеби ќе дојде – вели работодавачот.

Сепак платата која се нуди е солидна. Кухарски вели дека луѓето кои дошле на разговор го пронашле преку лични контакти или на Фејсбук.

И другите работодавци имаат слични проблеми и велат дека одреден профил на луѓе секогаш недостига, и се зависи од тоа што се бара, какви знаења и вештини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top