| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Момче и девојка се задушиле во автомобил додека воделе љубов

Момче и девојка на возраст од 18 и 20 години се задушиле во автомобил за време на сексуален однос.

Трагичната приказна доаѓа од Русија. Момчето и девојката воделе љубов во автомобилот Шкода во гаража, а за да се загреат, го вклучиле моторот и греењето. Јаглениот моноксид за кратко време ги задушил и тие починале.

Родителите ги пронашле голи и прегрнати.

Сличен случај неодамна имаше и во Македонија кога момче и девојка исто така беа пронајдени мртви во гаража, каде заспале по сексуалниот однос со запален мотор на автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top