Интервјуто со истакнатиот руски политички аналитичар, кој предвидува дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе распише предвремени претседателски избори и ќе се повлече од Кремљ во 2017. година, одненадеж било отстрането од еден од најтиражните руски весници “Московски Комсомолец”, пренесува “Moscow Times”.
Аналитичарот Валериј Соловеј во тоа интервју, кое сè уште е достапно во разни архиви на интернет, наведува дека Путин во последно време има “извесни проблеми”, поради кои ќе мора да ја предаде власта на наследник.
Соловеј, професор на московскиот државен Институт за меѓународни односи, кој е познат по тоа што е добро информиран за внатрешната политика на Кремљ, тврди дека Кремљ би можел да распише вонредни претседателски избори во пролет 2017. година – една година пред предвиденото.
Путин, како што вели Соловеј, нема да се кандидира за нов мандат, а се соочува со извесни проблеми поради кои, како што наведува, ќе мора да отсуствува од јавноста неколку месеци.
Аналитичарот објаснува дека рускиот претседател е разочаран од својот сегашен кадар и се сомнева во нивната способност да ја водат Русија на светската сцена и да развиваат односи со западните земји.
Според зборовите на рускиот аналитичар, администрацијата на Путин своите планови за во иднина ќе ги разјасни во декември. Соловеј верува дека Дмитриј Медведев, сегашниот премиер, е погоден за враќање во Кремљ, но “тврдите струи” наводно се спротивставуваат на тој потег.
Вториот потенцијален наследник, вели тој, би можел да биде Сергеј Иванов, човекот кој и натаму има големо политичко влијание, иако неодамна бил исфрлен од администрацијата на Путин.
Интервјуто со Соловеј исчезнало од веб страната кратко откако било објавено, а главниот уредник и сопственик на весникот, Павел Гусов, рекол дека интервјуто било отстрането откако во текстот биле објавени неколку фактички грешки.
Ќе бидат потребни неколку дена да се внесат неопходните корекции, рекол Гусов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст