За време на Втората светска војна, војната помеѓу шпионите била поважна од борбата на терен. Шпионските операции имале голема важност и тие биле еден од најефикасните начини за да се дојде со информации..токму затоа големата победа не би била возможна доколку не биле стотиците шпиони кои ги прибирале значајните информации.
Токму тогаш и се покажало дека жените често се многу подобри шпиони од мажите, полесно биле прифаќани во друштво, заведувале со својата убавина, а сепак оставале невин впечаток…се на се, жените биле подобри во играта на преправање.
Меѓу топ 5-те шпионки за време на Втората светска војна биле Ненси Вејк „Бел глушец“, Виолета Сабо „Луси“, Вирџинија Хал „Дијана“, Одета Хеловс „Лиса“ и Лиса де Блејк “Одил.
„Бел глушец“
Оваа новинарка родена во Нов Зеланд, живеела во Марсеј кога започнала инвазијата на Франција. Се придружила на движењето како известувач, но ја заробиле Германците. Поради тоа добила задача да работи на специјални задачи. Била испратена назад во Франција, каде имала задача да ги убие и саботира што е можно повеќе нацисти. Во една прилика убила стражар до голи раце.
„Луси“
Била британска шпионка родена во Франција, а нејзината работа била да добива што е можно повеќе информации за нацистите кои се движат во пределот на Европа. Два дена пред крајот на војната била заробена од СС. Тие ја испрашувале и измачувале и на крајот ја депортирале во германскиот логор
„Равенсбурк“ каде била убиена.
„Дијана“
Американска шпионка, која делувала во рамките на британската разузнавачка служба. Германците и дале прекар „Артемис“ а Гестапо ја сметале за најопасна од сите сојузнички шпиони. Во март 1944 година се вратила во Франција со документи и име Марсел Мотањ. Ги прелажувала гестаповци, па стапила во контакт со отпорот. Таа мапирала зони за достава на храна и пронаоѓала куќи за бегство.
„Лиса“
Гестапо ја има уапсено 14 пати, ја испитувале и мачеле во затворот „фреснес“. Откако ја пуштиле, нејзиниот грб бил толку повреден што лузните од камшикуваното ги носела до смртта, а исто така за време на мачењето и биле извадени и ноктите. Не дала никаков одговор се до смртта. Убиена е Равенсбурк.
„Одри“
Била хероина на специјалните операции за време на Втората светска војна. Во октомври 1942 година била една од првите жени шпиони во околината на Франција. Имала улога на курир но и да формира мрежа за информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст