Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од утре до четвтрок ќе престојува во работна посета на Кралството Мароко, каде што ќе учествува на Самитот за климатски промени COP 22, во Маракеш.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, на Самитот ќе се обрати на сегментот на високо ниво, на кој ќе учествуваат 56 шефови на држави и влади од целиот свет.
Во пресрет на Самитот за климатски промени во Кралството Мароко, претседателот Иванов одржа координативна средба со заменик-претседателот на Владата и претседавач со Националниот совет за одржлив развој, со Националните координатори за климатски промени и за одржлив развој на Македонија, како и со претставници од Министерството за надворешни работи.
Македонија во април 2016 година во Њујорк го потпиша Парискиот договор за климатски промени, што беше усвоен во 2015 година на Самитот за климатски промени COP21 во Париз, каде учествуваше претседателот Иванов.
Со потпишување на Парискиот договор, Македонија, како што се наведува во соопштението, ја реафирмира својата посветеност во приклучување кон светските напори за ублажување на последиците од климатските промени, преку преземање на конкретни чекори, мерки и активности и исполнување на одредбите на Парискиот договор за климатски промени. Договорот од Париз е прв универзален и правно-обврзувачки договор што треба да стапи на сила во 2020 година, и истиот досега е потпишан од 192 држави и од Европската Унија.
Во 2009 година македонскиот претседател учествуваше на Самитот за климатски промени во Копенхаген, Данска. Договорот постигнат во Копенхаген претставуваше темел на новиот пакт за намалување на глобалното затоплување, што го наследи Протоколот од Кјото, чија важност истече во 2012 година. Македонија во 1997 година ја ратификуваше Рамковната конвенција на ООН за климатски промени и беше дел од Протоколот од Кјото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево