Почнува дистанцирањето, сега ќе почне преоблекување маички, досега сини сега црвени маички, анализира новинарката и аналитичарка Мирка Велиновска по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
-Кој го прашува Бранко Геровски што не бил на прослава „Бев на работа за да информирам“. Кого го интересира кај си бил? Значи имаш потреба да кажеш „Јас не сум овој пат рамо до рамо до вас“ – анализира Мирка Велиновска во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов.
Околу тоа што значи победата на Трамп за регионот, таа смета дека во обратен случај, при победа на Хилари досега ќе изгореше цел Балкан.
-Ако победеше Хилари Клинтон, ние овдека, ние два милиони, веќе ќе бевме активирани по планот на Обама за втора огнена линија и ќе изгоревме цел Балкан. А ние први. Сега воздух може да земеме до јануари, да ги истераме нашите избори и вака или онака, со Трамп или негов заменик, или што и да смислат како решение, планетата ќе куртули – посочи Велиновска.
По изјавата на поранешниот американски амбасадор Монтгомери за американската политика на Балканот, Велиновска посочи од свои сознанија дека пораката е „сега не нѐ интересира Македонија, правете што ќе правите“.
-Веќе не нѐ интересира Македонија, правете што ќе правите, оставени сте сами на себе – посочи Велиновска повикувајќи се извори од регионални центри.
– Сега Стејт департментот е обезвластен под сериозни обвиненија за корупција, за злоупотреба на положба – анализира Велиновска.
Џорџ Сорос и Фатула Ѓулен ќе бидат први „жртви“ на владеењето на Доналд Трамп во САД. Сорос бил задолжен за „христијанскиот свет“, додека другиот, Ѓулен, за „муслиманскиот свет“.
-Македонија ќе беше тригерот за да ги вовлече и Бугарија и Албанија и Србија и да се влече нагоре. Македонија е едната линија, а Турција е втората. Така, Сорос треба да го дестабилизира Балканот, а Фатула Ѓулен требаше да го направи тоа во Турција.
Но, Ѓулен дејствува и пошироко, на Филипини, за тоа се налути претседателот.
-Почнаа да го „рчкаат“ малото по број филипинско муслиманско население и тоа таму каде што има американска воена база за да го прошират конфликтот. Малезија ја паднаа така. Кина треба да ја напаѓаат преку муслиманските подрачја кај Хималаите. Русија позадински да ја напаѓа…
Но ако централна мрежа се распадне, сѐ ќе се „исчисти“, додава Велиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.