| четврток, 6 декември 2018 |

Администрацијата на Клинтон ќе ја приватизираше планетата „по македонски транзициски рецепт“

Мирка Велиновска, новинар и аналитичар, во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, правејќи анализа дали со појавата и победата на Доналд Трамп на последните американски претседателски избори, станува збор за козметика или тектонско поместување на американската политика и во светот, Велиновска досегашното креирање и практикување на политиките на САД ги посочи како политика за приватизација на планетата „по македонски транзициски рецепт“, цитирајќи го потоа Карл Маркс во делот дека капитализмот како предатор ќе ја изеде најразвиената и најмоќната држава.

-Козметика би било ако поверуваме дека појавата на Доналд Трамп е наместена, дека е избрана кукла која треба да фингира контракандидат за да ја зацементира позицијата на кланот на Клинтонови, она таканаречено лоби на казино капитализмот кое имаше намера да ја претвори во приватизација на планетата по македонски рецепт, транзиционен, односно планератат да стане приватен имот на 100 корпорации и нивните вазали. Но, по се изгледа се случи она што се вика грешка, ама космичка, или испланирана дијалектичка грешка, се појави самопрајска појава на самосоздаден капиталист кој е надвор од системот, естаблишментот.

Се создаде паника затоа што воопшто не очекуваа. Со децении е градена мрежа на сите институции, мрежа која има цел секој кој ќе паден во неа да биде изеден, да биде плен. Кога таа мрежа непланирано ја кине поединец, затоа што не е вмрежен и никој нема контрола врз него, а тоа што го говори и прави станува прифатливо, прво за мала група на луѓе но таа се повеќе расте во општеството, во одреден момент станува момент станува реална опасност, но „лесно решлива“ за оној кој ја сплел мрежата, „арогантниот пајак“.

Се случува она што го напиша Карл Маркс пред 240 години. И затоа сега го читаа оние кои токму имаа уплав од него. Тој го кажа тоа што денеска се случува со САД, а тоа дека капитализмот е создаден од човекот. А Човекот е соткаен од добри и племенити чувства, но и несовладливи и лоши нагони. Како чедо на Човекот, капитализмот е предатор, тој е алчен и не знае за крај. Кога ќе завладее со човекот како вирус, тој ги губи човечките одлики, солидарноста и сочувството. А тоа се вика Совеста. Станува алчен за профит. И Маркс вели „Почетокот кон секоја усопешна револуција кон Утопијата, комунизмот, ќе се случи во земјата со најнапреден предаторски капитализам“, најразвиена, најбогата, најмоќна. Сам ќе се изеде од внатре, како канцер. Тоа се случи- анализира Велиновска во емисијата „Во центар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top