| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за цела Каталонија, Меси ги прекина преговорите за потпишување нов договор

Шпанскиот весник „Марка“ во денешното издание на насловната страница информира дека најдобриот аргентиски фудбалер и член на Барселона ги прекинал преговорите со каталонскиот гигант за продолжување на договорот.

Ако може да ѝ се верува на „Марка“, која е блиска до Реал Мадрид, Меси е разочаран од шпанските власти и сѐ додека не се средат работите околу неговите пријави за затајување данок, тој воопшто не размислува за продолжување на договорот со кој повторно би станал најплатен фудбалер на планетата.

Неговиот постоен договор завршува во мај 2018 година, а уште од оваа лето се шпекулира дека на маса имал неверојатен договор од Барса по кој повторно ќе го направи најплатениот фудбалер на планетата, но за разлика од Нејмар тој не одговорил потврдно.

– Не знам што ќе се случи во иднина, но се обидувам да му објаснам на Меси дека Барселона е најголемиот клуб на светот – изјави првиот човек на Барса, Жозеп Бартомеу.

Медиумот откива дека проблемите за постигнувањето на новиот договор не се фудбалски, туку се поврзани со данокот во Шпанија, со кој Меси веќе подолг период има големи проблеми. Додека Меси се двоуми, од Барселона тврдат дека неговиот татко ќе го има последниот збор, а тој би можел многу лесно да го одведе асот на Барса во друг правец. Аргентинецот во овој момент не е сигурен дали кариерата ќе ја продолжи во Примера, но сигурно до 2018 година ќе го носи дресот на Барселона.

За неговите услуги од поодамна се заинтересирани двата најбогати клуба во светот, Манчестер сити и Пари сен Жермен, кои се подготвени да ја платат откупната клаузула уште ова лето која изнесува неверојатни 250 милиони евра, и да му понудат петгодишен договор со вредност од 50 милиони по сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top