| четврток, 6 декември 2018 |

Бигорски манастир доби скапоцен подарок од зографи од Бугарија

Станува збор за икона со ликот на Светите Кирил и Методиј, што Димчо и Антонија Димчовски од Република Бугарија и ја подариле на Бигорската Обител…

Македонското древно светилиште „Свети Јоан Крстител“ попознат како Бигорскиот манастир, добил скапоцен и редок дар од двајца зографи од Бугарија, кои изработуваат икони во подзаборавени иконографски техники, слична на древните мајстори.

– Торжествениот и достоинствен пречек ја покажа неизмерната почит, љубов и благодарност на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и целото братство, кон апостолското дело на Светите Првоучители и Покрстители, а големата благодат што притоа се излеа, несомнено сведочи за духовното присуство на овие наши возљубени Пастири на родот словенски, велат од бигорската обител.

Токму затоа, додаваат, краткото поздравно слово на Старецот беше исполнето со голема благодарност кон Бога, Светиите и сите оние што ни ја овозможија оваа голема радост.

Според нив, Димчо и Антонија Димчовски се неверојатно надарени зографи, живеат и работат во малото планинско село Гостилица и изработуваат од минијатура, па до царски икони, и тоа во традиционален византиски стил, користејќи злато, сребро, опков, емајл, бисери, полудраги камења и друг материјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top