Пред преполна сала во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, вечерва одличен концерт реализираа членовите на Дувачкиот квинтет при ансамблот “Контемпора”. Квинтетот кој настапи во состав Катерина Бачевска на флејта, Владимир Лазаревски на обоа, Игор Иванов на кларинет, Горан Јанев на хорна и Марјан Милошевски на фагот изведе 60 минутна програма, која измами и долги аплаузи и бис од публиката во Софија. На програмата беа изведени дела од македонските композитори Александар Џамбазов, Љубомир Бранѓолица и Стојан Стојков, како и дела од Марин Големинов, Астор Пјацола, Ференц Фаркаш и Леонард Бернштајн. На бис беше изведен фрагмент од циклусот “Mакедонски револуционерни песни за дувачки квинтет” од Љубомир Бранѓолица.
Од името на домаќинот на овој концерт КИЦ на Р. Македонија во Софија, македонските музичари ги претстави директорот на Центарот Васко Шутаров. Партнери во реализација на овој концерт поддржан од македонското Министерство за култура, беше Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко
-
Комисијата за македонската историја тајно заседава во Софија
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби