| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе работи за џабе – Трамп ќе се откаже од претседателската плата!

tramp

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се откаже од годишната претседателска плата од 400.000 долари, а дека ќе зема само еден долар, колку што мора според законот.

 

-Немам намера да земам плата! Нема да ја земам! Мислам дека по закон морам да земам еден долар, па ќе земам само еден долар годишно – рекол Трамп во емисијата „60 минути“ и со тоа го потврди своето ветување дадено во предизборната кампања.

Трамп во интервјуото потврди дека ќе протера 3 милиони илегални доселеници.

-Луѓето кои се криминалци и имаат судски досиеаја, кои се членови на банди, криумчари на дрога и кои ги има сигурно два или три милиони, ќе ги протераме од нашата земја или ќе ги затвориме – рекол Трамп

Тој потврдил дека ќе подигне ѕиод со Мексико како би го намалил приливот на илегални доселеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top