| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп изјави дека веднаш ќе депортира три милиони имигранти

Доналд Трамп изјави дека ќе депортира два или три милиони нелегални имигранти веднаш откако ќе влезе во својата канцеларија. Во неговото прво телевизиско интервју откако победи на изборот за претседател на САД, Трамп инсистираше на решевање на прашањата поврзани со политиката за имигрантите и изградбата на ѕид кон Мексико.

-Она што ќе го направиме е протерување на лицата кои имаат криминално досеи, членови на банди, дилери на дрога, а тоа се речиси два или три милиони луѓе. Бидете сигурни дека тие ќе бидат надвор од границите на САД, бидејќи тие се овде нелегално.

Тој објасни дека кога еднаш границата ќе стане сигурна, тогаш Бирото за имиграција и граничните служби ќе го оценуваат статусот на имигрантите без документи во земјата.

-Откако границата ќе стане безбедна и откако се ќе се нормализира, ќе се детерминираат луѓето за кои се вели дека се опасни. Тие се опасни луѓе, но ние ќе го детерминираме тоа, рече тој. Но, пред да се панрави детерминација, што е најважно, ќе создадеме сигурна граница..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top