Антикорупциска комисија во 2012 година уште лани иницирала 13 постапки до Јавното обвинителство за кривично гонење на функционери што според сомнежите, ја злоупотребувале службената должност и си создале услови да се збогатат на грбот на институциите што ги раководеле.
Антикорупциска денес ова го објавува во годишниот извештај .
Меѓу функционерите против кои Антикорупциската Комисија поведе иницијатива за одговорност, според извештајот се лица во Југоопрема АД Скопје, екс-директорот на „Геоинженеринг“, екс-градоначалникот на Гостивар, екс-градоначалник на Зелениково, екс-директор во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, поранешни службеници во УЈП како и екс-директор на Агенцијата за енергетика.
За злоупотреба на службената положба иницирана е постапка против поранешниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство поради сомнение дека кога ги спроведувал постапките за јавни набавки на Агенцијата ѝ нанел штета.
За злоупотреба на службената положба се гони и дел од поранешното раководство на студентскиот дом Пелагонија, екс-директор на Универзитетската клиника, поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, екс-директорот на Македонска опера и балет итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.