| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанец фатил малолетничка за задник мислејќи дека му е свршеницата

28 годишниот Б.Ј. вчера место својата свршеница во задникот удрил малолетно 15 годишно девојче, кое стоело со нејзиниот татко. По овој настан тој со брзање влегол во дворот од својата куќа.

Настанот бил пријавен во полиција истиот ден. Од страна на полициски службеници од ПС Велес Б.Ј. не бил пронајден дома, но во 20.30 часот се јавил бројот 192 и бил повикан да дојде во полициската станица. Во разговорот истиот го потврдил пријавеното, но изјавил дека мислел дека таму стои неговата свршеница и дека неа ја удрил. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Против Б.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top