| четврток, 6 декември 2018 |

За 112 милиони евра, Љубљана доби модерен регионален центар за управување со отпад

Се работи за најголем центар од овој вид во Словенија, кој може да се пофали со примена на најмодерни технологии за складирање на отпадот, со минимално влијание врз животната средина. Уште во 2012 година, потпишан е договор за неговата изградба, а градежната дозвола е обезбедена во мај 2014, пишува порталот Порта3
ljubljana-regionalen-centar-za-otpad1
Изведувач на работите бил австрискиот конзорциум Strabag, при што на крајот на 2015 година центарот веќе почнува со работа. Модерните технолошки решенија вклучуваат производство на биогас со кој се задоволуваат енергетските потреби, компостирање и други опции соодветни за циркуларната економија.

ljubljana-regionalen-centar-za-otpad2

Собраниот отпад од цела Словенија, од неодамна завршува во оваа современа фабрика каде се ситни и просејува, се одвојуваат тешките фракции од органскиот отпад, кој се третира како квалитетно гориво за цементната индустрија или за одгледување на растенија.

Тешките фракции завршуваат во биолошките реактори каде во рок од две седмици се добива биогас. Биогасот е погонско гориво за три нови сетови мотор-генератор, преку кои се генерира електрична и топлинска енергија. Стручњаците истакнуваат дека се работи за еден од најмодерните европски центри за постапување со отпадот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top