Иако нема партнер, Неда Украден тврди дека е среќна жена, а како причина за тоа што се уште не впловила во брачните води вели дека е тоа што се уште не го пронашла вистинскиот.
Меѓутоа, пеачката е срекна иако покрај себе сеуште го нема вистинскиот.
– Можно е и тоа како да бидете сам и среќен. Еве, гледате на мене дека тоа е изводливо. Секако дека се обидуваат да ми се додворуваат, но не постои начин да кажам како го прават тоа. Едноставно, ги има и сите се разликуваат и сите се додворуваат на некој свој начин, вели Неда.
На прашањето дали денеска би можела да каже кој бил вистинскиот човек во нејзиниот живот, таа помалку загонетно одговара.
– Единствениот вистински маж во мојото живот беше човекот на кого не можев да му ја возвратам љубовта, вели таа несакајќи да одговори кој е човекот кого го пуштила да замине од нејзиниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.