Новиот претседател на САД Доналд Трамп по победата на изборите, во минативе два дена имал телефонски разговори со лидери на десет земји.
Трамп разговарал со лидерите на Ирска, Турција, Индија, Јапонија, Мексико, Египет, Израел, Австралија и Јужна Кореја.
Ова за Вашингтон пост го потврди портпаролката на Трамп, Хоуп Хикс.
Како што се наведува, ако може да се суди по она што се случува по победата, се чини Трамп ќе промени многу од она што го говореше во кампањата, во која навреди многу држави.
Иако темите на разговорите се тајна, аналитичарите наведуваат дека Трамп им се јавил на лидерите на споменатите држави како би ја ублажил штетата и лошата репутација која предизвикал во текот на кампањата.
Да потсетиме, Трамп во текот на кампањата најави дека американската војска ќе ги напуштат Јапонија и Јужна Кореја, ако овие две држави не им платат, на Мексико му се закани со кревање ѕид, канцеларката Меркел ја обвини дека ја упропастила Германија, за муслиманите најави забрана за влез во САД…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст