| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 30 загинати во експлозија во муслимански храм во Пакистан

Најмалку 30 лица загинаа и речиси уште 100 се ранети во бомбашки напад во муслимански храм во јужен Пакистан, информира весникот „Дејли Пакистан“, цитиран од ТАСС.
132488768-87716
Нападот бил извршен во регионот Хуб, во југозападната провинција Белуџистан, каде често пати има вакви напади од страна на исламиски бунтовници, посочува ДПА.

Според податоците на весникот, експлозијата била во внатрешниот двор на храмот „Хазрат Баба Шах Нурани“. Храмот се наоѓа на 100 километри северно од пристанишниот град Карачи, прецизираат британските медиуми.

Ранетите се префрлени во болниците во соседниот град Хуб и во Карачи, наведе припадник на спасувачките служби.

Министерот за внатрешни работи на провинцијата Мир Сарафаз Бугти ја потврди веста за загинати и ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top