По негативна серија од осум порази во регионалната АБА лига, екипата на Карпош соколо конечно излезе од резултатската криза и тоа на каков начин. Среде Карпош ’падна’ лидерот на табелата во Јадранското натпреварување кој досега беше без пораз. „Соколите“ одиграа одбрана која противникот не можеше да ја разбија, па така, новајлијата во Јадранското друштво го освои својот прв триумф со 77-71 (18-25, 25-8, 21-23, 13-15).
Не функционираше ниту скокот, ниту реализацијата кај црногорскиот првак што му овозможи на домашниот состав да го отвори резултатот. „Фенерџијата“ во првенството уживаше три минути во водството додека противникот се мачеше да ја пронајде соодветната тактика за намалување на негативата од 6-0. Суад Шеховиќ ја прекина штамата за својот тим и му даде самодоверба за далеку подобра игра. Одбраната на „соколите“ беше разбиена, а Будуќност реализира 16 поени за двоцифрено водство по нови три минути игра. Повика Николиќ тајмаут, ги построи неговите избраници и македонскиот претставник во АБА лигата одново издоминира на паркетот. Со неверојатна игра во наредните шест минути, „соколите“ првин израмнија (29-29), а потоа и го преземаа водството. На една минута пред полувремето домаќините ја направија и највисоката предност во првиот дел од 41-30.
Гостите се консолидираа во вториот дел од натпреварот, но десетте поени негатива како да ги демотивираа. Покрај шутерите кои како да не грешеа во третиот период, се разбуди и тандемот Николиќ и Суботиќ кој направи закана на резултатот (54-49). Двете страни заиграа далеку поагресивно во последниот период за што зборува и големиот број на пенали (35 вкупно). Во последните пет минути „соколите“ за малку не ќе го издржеа притисокот на водството против силниот Будуќност. Маркус Вилијамс реализира две тројки по ред и црногорскиот состав намали на минус три (74-71) на нешто повеќе од три минути до крајот, но поддршката од неговите соиграчи изостана. Џејмс во неколку наврати беше блокиран од расположениот Кнежевиќ, на спротивната страна Вркиќ и Пери успешно реализираа од линијата за слободни фрлања и го одржаа водството до крајот за конечни 77-71.
Најрасположен во победничкиот табор беше Драган Лабовиќ со 18 поени, еден поен помалку постигна Зековиќ, двоцифрен беше уште и Вркиќ (12).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.