| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо удрен од автомобил и оставен да умре крај пат

opel astra soobrakajka

Несовесен возач со автомобил утринава го удрил тетовецот Г.Ј. (73) на раскрсницата од улиците Иво Лола Рибар и Карпош во Тетово. Возачот си заминал без да му помогне на несреќниот старец, но неговото возило било забележано од очевидци.

Несреќата се случила, според тетовската полиција, во 9.30 часот. Откако тетовецот целиот раскрвавен лежел на улицата, одредено време, некој минувач повикал брза помош. Г.Ј. прво бил однесен во тетовската болница, но поради сериозноста на повреди бил набрзо пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Лекарите се до 16.30 часот попладнево се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.

Околку еден час по несреќата, полицијата утврдила дека дедото бил удрен од автомобил опел астра управуван од 57-годишниот тетовец М.Д. Тој негирал дека некого удрил. Полицијата јавува дека сега чекаат налог од истражен судија со кој ќе се изврши вештачење на автомобилот како и обдукција на телото на починатиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top